Home Спорт Криштопанс поради повреда го пропушта дуелот со Кјелце

Криштопанс поради повреда го пропушта дуелот со Кјелце

Европскиот шампион Вардар успеа да запише триумф против Мешков Брест во Лигата на шампиони, како и победа против Војводина во СЕХА-лигата, но победите останаа во сенка на повредата на Даинис Криштопанс.

Еден од најдобрите во црвено-црниот тим заработи повреда на скочниот зглоб на десната нога.

Тоа значи дека Вардар во сабота нема да може да смета на помошта од Летонецот во мечот против Кјелце во елитното натпреварување.

Вардар во сабота ќе ги одмери силите со тимот на Киелце во Лигата на шампионите, а во составот би можело да биде и Бразилецот Хозе Толедо, кој досега нема настпаено за македонскиот тим поради санирање на повреда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…