Home Шоубизнис „Кралот лав“ требало да има толку мрачен крај, што морале да го изменат

„Кралот лав“ требало да има толку мрачен крај, што морале да го изменат

„Кралот лав“ на многумина им останал во сеќавање како еден од омилените, ако не и најомилениот, цртан филм од детството. Но, да завршел онака како што првично планирале продуцентите, наместо убави сеќавање, многумина од нас ќе сме имале трауматични спомени од тој долгометражен цртан филм.

Како што пренесува The Mirror, анимираниот филм требало да има крај за кој од Disney, сепак, заклучиле дека е премногу брутален како за детски филм, па одлучиле да го изменат.

Како што е веќе познато, во финалната борба меѓу Симба и Скар, лошиот роднина доживува пораз, а умира така што го јадат неговите поранешни сојузници – хиените.

Во, според Disney, побруталната верзија, Скар го турнува Симба од карпите и мислејќи дека е мртов, ја слави победата при што паѓа во огнот кој претходно го има запалено самиот тој и изгорува до смрт.

Од Disney, сепак, заклучиле дека глетката во која Скар жив гори не е баш примерна сцена за младата публика, па се одлучиле за „поблагата“ верзија во која е „само жив изеден“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…