Home Актуелно Кралицата Елизабета бара работник за месечна плата од 25.000 евра

Кралицата Елизабета бара работник за месечна плата од 25.000 евра

Кралицата Елизабета бара нов коњушар и нуди плата од 25.000 евра месечно и бесплатно сместување во Бакингамската палата, но само под еден услов.

Сето она што спаѓа во должностите на коњушарот не отстапуваат од вообичаените обврски. Треба да ги храни, чисти и одржува коњите.

Меѓутоа, кралицата бара личноста да негува и голема љубов кон овие животни и која ќе ужива работејќи ја оваа работа.

Освен тој главен услов, таа личност треба да знае да јава и да управува со кочија. Покрај ова барање стои објаснување дека идниот коњушар ќе присуствува на сите церемонии кои ќе се одржуваат.

На крајот, кралското семејство истакнува дека сака доверлива личност која е подготвена да даде се од себе за коњите да изгледаат и да бидат што подобри кога ќе бидат изведени во јавност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…