Home Актуелно Крај за подморницата Титан – сите патници се мртви

Крај за подморницата Титан – сите патници се мртви

Остатоците од исчезнатата подморница Титан беа откриени во близина на потонатиот брод Титаник, потврди американската крајбрежна стража.

Сите патници загинаа, беше изјавено на прес-конференцијата.

Пронајдени се пет делови од подморницата. Некои од нив ѝ припаѓале на капсулата што го одржувала притисокот внатре во подморницата.

Крајбрежната стража сѐ уште работи на расветлување на деталите за несреќата. Засега сè укажува на имплозија што се случила при спуштањето кон потонатиот брод Титаник.

Компанијата што управува со подморницата, Оушнгејт, рече дека верува дека екипажот на исчезнатата подморница е „за жал изгубен“.

„Нашите срца се со овие пет души и со секој член на нивните семејства во овој трагичен период“, напиша компанијата.

Пелаџик рисрч сервисис, компанијата чиј подводен дрон ги откри остатоците во близина на Титаник, на својата веб-страница објави дека е „фокусирана на семејствата на оние на Титан и нивната трагична загуба“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…