Сончев и топол петок со нестабилно попладне


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, петок, 23. јуни, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне, претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана, но силна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно во делови од котлината и во вид на невреме. Ќе дува слаб променлив ветер, а дневната температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени. Маврово 26, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 28, Кавадарци 34, Дојран 35.

Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Во Скопје претпладне претежно сончево, а попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, во делови од котлината и во вид на краткотрајно невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 34 степени.