Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Грција е победник во преговорите за името бидејќи во иднина веќе никој нема соседната земја да ја вика Македонија туку Северена Македонија, вели грчкиот шеф на дипломатијата. И за жал, најверојатно ќе биде во право, ако помине референдумот за промена на уставното име на Македонија.
Тој во радио интервјуто истакна дека неговата влада се изборила за ерга омнес решение, за разлика од претходните кога Македонија под уставно име била призната од Американците. Коѕиас на грчата опозиција и порача да не крева многу врева околу писмото кое Трамп го испратил до Иванов, по повод денот на независноста , во кое американскиот претседател земјата ја именуваше како Македонија. ЗА тоа, сте сами виновни, ја искара тој опозицијата.
Американците никогаш не користеле ФИРОМ. Уште во времето на Симитис, САД ја признаа соседната земја како Македонија, а ја признаа и уште 145 други земји. Хипокризијата сега ја допре точката на глупост. Таа беше призната како Македонија за време на владеењето на Нова Демократија и Пасок. А сега се чудат зошто Трамп ја именува земјата со името под која е призната во времето на НД и Пасок. За жал, три-четвртини од земјите ја признале соседната земја како Македонија, а за среќа, со помош на нашиот договор таа ќе стане Северна Македонија.
Според Коѕиас, Грција ја води играта со името. Иако Македонија прифатила референдум и уставни промени, сепак на крај се ќе зависи од нас, уверува тој. Аргумените на СКопје за користеењ на македонскиот јази и идентитетот , тој ги сфаќа како дел од пропагандната кампања за реферндум.
Господин Заев се обидува да направи референдум на кој нема да се навлегува во дебата дека земјата си го менува името, таа е втора земја во историјата на Европа која го менува името.
Козиас е е уверен дека договорот ќе биде ратификуван во парламентот бидејки за него ќе гласат мнозинството пратеници а не мнозинството партии. Речиси 70 проценти од Грците се против догворот, а вчера во Солун иладници излегоа да го искажат своетои незадоволство поради спогодбата од Преспа. И покрај силните безбедносни мерки, дојде до судир помегу помала група демонстранти и полицијата, при што беа употребени солзвец и шок бомби.
Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение