Коѕијас: ЕУ да го исполни ветувањето и дадениот збор кон Македонија и Албанија

Првиот човек на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, апелираше дека Европа треба да го исполни ветувањето и дадениот збор кон Македонија и Албанија за почетокот на преговорите за влез во ЕУ.

По согласноста од Грција, Македонија очекува датум од ЕУ и покана од НАТО. Иако денеска и утре во Луксембург, Советот на Европската Унија за општи работи ќе го разгледува почетокот на пристапните преговори на Македонија и Албанија, сепак на маса треба да биде доставено писмото од Грција дека нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на 27 годишниот спор за името.

На ден пред клучниот состанок на министрите на ЕУ каде треба да се разгледува препораката за старт на преговори со Македонија, високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, повторно ги повика земјите членки да го наградат напредокот на Македонија.

Според нашето мислење, од моментот кога Европската комисија го постави ова лето како хоризонт за почеток на формалните преговори со Северна Македонија и Албанија, ќе треба да го исполниме ветувањето, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Шефот на грчката дипломатија упатува апел до сите да сфатат дека постојат проблеми со двете земји, но проблемите можат поефективно да се решат преку мониторинг и скрининг.

„Им кажав на моите колеги дека можат да бидат колку што сакаат строги. Но, ние мора да не ја блокираме перспективата. Се плашам дека ако не се даде датум за пристапни преговори за Северна Македонија, сите напори што ги направивме со големи жртви и компромиси од двете страни, би можеле да бидат ставени во опасност.
Коѕијас нагласува дека „ако некои земји имаат проблеми со Северна Македонија и Албанија, требале порано да ги споменат“. – изјави Коѕијас.

Во однос на земјите што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ, Коѕијас уште в петокот обајсни дека нема да биде добро доколку се случи такво нешто. Од петте земји кои Коѕијас ги спомена дека се против интеграција на Македонија и Албанија во ЕУ, во меѓувреме, на таа позиција остана само Франција, а каков ќе биде ставот на Франција, од Француската амбасада велат дека ќе биде соопштено на Советот на ЕУ во петок. Преговори со Македонија и Албанија се логичен чекор, а не подарок, одговарјќи на новинарско прашање австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл, порача дека земјите ги исполниле задачите за преговори и дека кредибилитетот на ЕУ е во прашање.

„Не можам да зборувам во име на сите 27 земји, но во наши очи не станува збор да им се подари нешто на овие земји туку ова е прашање на логика. Им дадовме задачи на Албанија и на Македонија, на Северна Македонија како што е правилното ново име на оваа земја, им поставувавме цели што треба да се постигнат и им рековме да ги исполннат. Во случајот на Северна Македонија рековме треба да се стаса до решение за проблемот со името и ако Албанија направи реформи во судството, тогаш ќе стане збор за нашиот кредибилитет да се започне со механизмот. Тука ЕК и Федерика Могерини ја имаат поддршката на Австрија.“ – изјави Карин Кнајсл – МНР Австрија.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на Советот за општи работи треба да дебатираат за проширувањето и за априлските извештаи на Европската Комисија за Западниот Балкан. Конечната одлука за преговори со Македонија би можела сепак да биде одложена за лидерите на ЕУ во четврток доколку утре министрите не постигнат согласност.