Ковачевски тврди дека оваа верзија е поповолна за нас: Владата го објави францускиот предлог – падна владината веб-страница


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска, во попладневните часови, македонската Влада на својата веб страница интегрално го објави францускиот предлог со кој треба да се отстрани двегодишното бугарско вето за почеток на преговорите за членство на земјава во Европската унија.

Докуметот беше поставен на владината страница непосредно средбата во Владата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерите на партиите од владината коалиција.

Ковачевски претходно најави дека ќе се отвори процес на широки консултации, кој ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.

Францускиот предлог ги инкорпорира нашите забелешки и е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во владата, по средбата со владините коалициски партнери. Тој рече дека започнува процес на широки консултации со претседателот, собранието, опозицијата, невладиниот сектор, медиумите и експертската јавност за предлогот кој ќе ги откочи македонските евроинтеграции.

„Сите лажни тврдења, во различни форми, сметам дека потонаа… Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за понатамошно отпочнување безусловно на преговарачкиот процес и одржување на конференција со ЕУ е исто така во вклучено во предлогот“, рече Ковачевски.

Сепак, во предлогот пишува дека „во однос на преводите на законодавството на ЕУ, ЕУ ги забележа соодветните еднострани декларации на Бугарија и Северна Македонија за македонскиот јазик“.

Во предлогот се наведува дека регионалната соработка и добрососедските односи остануваат суштински елементи на процесот на проширување.

„Потсетуваме на важноста од постигнување опипливи резултати и имплементација билатералните договори, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија“, пишува во предлогот.