Home Шоубизнис Нетфликс ја враќа Камерон Дијаз во актерските води

Нетфликс ја враќа Камерон Дијаз во актерските води

Благодарение на Нетфликс, славната холивдуска актерка Камерон Дијаз се повлекува од пензинирањето за да биде дел од актерската екипа на новиот филм од оваа продукција заедно со Џејми Фокс.

Дијаз во 2018 година објави дека се повлекува од актерството за да се фокусира на други аспекти од животот, вклучувајќи го и нејзиното семејство, а нејзиното пензионирање беше удар за фановите. Дијаз глумеше во голем број холивудски хит филмови, вклучувајќи ги „Маската“, „Чарлиевите ангели“ и „Небо од ванила“, а сега треба да се појави во новиот филм на Нетфликс „Враќање во акција“.

Според Variety, филмот е акциона комедија во која главните улоги ги толкуваат Дијаз и Фокс, кои претходно соработуваа на филмот „Any Given Sunday“ од 1999 година и на римејкот на Ени од 2014 година.

Фокс ја објави веста на Твитер споделувајќи снимка од разговор меѓу нив, Дијаз и Том Брејди, американски фудбалер кој се пензионира на почетокот на оваа година, за набргу потоа да се врати на теренот. На снимката Дијаз вели дека е „возбудена“, но и „нервозна“ додека разговарала со Фокс.

„Разбирам. Слушај, имам некој на другата линија кој може да ти помогне со ова“, ѝ рекол актерот пред Брејди да се вклучи во разговорот. „Разговарав со Џејми и тој ми рече дека ти треба совет како да се пензионираш. Јас сум релативно успешен во тоа”, ѝ вели Брејди, на што Дијаз одговара дека тоа е тоа што ѝ треба“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …