Во Скопје уапсен бившиот телохранител на екс-премиерот Никола Груевски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера, во голема полициска акција во Скопје, полицијата го привела полицаецот Милан Рабреновиќ, поранешен телохранител на Никола Груевски и човек близок до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски. Рабреновиќ, заедно со уште две лица, рекетирале скопјанец, пренесува „Фронтлајн“.

Тие од оштетениот поради претходен земен заем од 63 500 евра во текот на 2004 година, во 2019 година му побарале околу 440 000 евра, дознава „Фронтлајн“ од МВР.

Потоа му побарале дополнителни 560 000 евра, кои требало да им ги исплати до 30.6.2022 година. При примопредавање на дел од парите, тројцата се уапсени.