Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Централниот одбор на СДСМ вечерва го назначи новиот претседател на партијата, Димитар Ковачевски, за мандатар кој ќе треба да ја состави новата Влада.
Ковачевски се заблагодари на довербата и нагласи дека партијата е отворена за вклучување на нови луѓе.
-За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата.
Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ.
СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности. #Заедно, напиша Ковачевски на Фејсбук.