Коста Кецмановиќ не прашувал за родителите – го интересирало кога ќе го пуштат од Клиниката и какви се реакциите на неговиот монструозен чин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Коста Кецмановиќ, малолетникот кој со пиштолот на својот татко минатата недела уби осум врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград не се кае за стореното.

Коста е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, сосема мирен и прашува кога ќе излезе од болница и какви се реакциите на тоа што го направил, пишува српски Блиц.

Според „Блиц“, момчето не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се види со родителите.

„Нема молба, не ни прашал за родителите. Единствените интереси му се кога излегува и какви се реакциите на неговиот чин“, вели изворот на „Блиц“.

Oпишувајќи ја моменталната состојба на момчето, изворот на „Блиц“ наведува дека момчето размислува и се однесува како да е во прашање моментот кога ќе ја напушти Клиниката, односно кога ќе биде на слобода.

„Тој го чека тој момент и очигледно е убеден дека тоа треба да се случи деновиве. Седмоодделенецот не прима ни седативи, бидејќи е „сосема мирен“. Не му требаат.“, пишува Блиц.

Соговорникот на „Блиц“ раскажува дека второто прашање што го поставува какви реакции има по она што го направил.

„Прашува што се случува надвор и тој очекува да биде популарен. Неговите очекувања се буквално дека ќе се соберат под неговиот прозорец и ќе скандираат за него“, пишува „Блиц“

Лекарски тим работи на утврдување на фактите и состојбата на момчето, пред и за за време на масакрот.

Со пукање престанал иако имал уште два шаржера муниција или 34 куршуми.

„Престанал со пукање бидејќи почувствувал дека останува без здив. Децата кои преживеале ги спасил нападот на паника кој во еден момент го имало ова момче. Влегол во дворот, го испразнил пиштолот и повикал полиција“, раскажува соговорникот на „Блиц“.

Минатата недела во средата во белградското основно училиште во населбата Врачар, Коста Кецмановиќ, ученик од седмо одделение, влегол во училиштето со оружјето на неговиот татко. Прво го убил училишниот чувар Драган Влаховиќ и дежурните ученици, а потоа продолжил низ училишната сала до кабинетот за историја. Таму уби пет свои врсници, ја рани наставничката по историја и уште шест ученици.