Корисниците можат да добијат до 5.000 долари за секоја фотка на која ќе ги „тагне“ Фејсбук


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После одлуката на американскиот федерален суд, Фејсбук ќе се соочи со тужба од тројца негови корисници од Илиониос, затоа што социјалната мрежа, преку системот за препознавање на лица, собирала биометриски податоци за што тие не им дале дозвола. Станува збор за опцијата „означи пријател“, која ги препознава Фејсбук корисниците кои се на објавената фотографија, а која беше пуштена во употреба во 2010 година.

Според законот на државата Илиноис, Фејсбук за тоа би можел да биде казнет со парична казна која се движи помеѓу 1.000 и 5.000 долари за секој пат кога од социјалната платформа е применета оваа опција на нечија фотографија без согласност од лицето кое е означено преку опцијата без негова согласност.

Иако Фејсбук оваа технологија на територијата на Европската унија престана да ја користи во 2012 година, после протестите од регулаторите и кампањата за заштита на приватноста, во САД таа остана во употреба. Се верува дека таа функција подлежи на законите од државата Илионоис за заштита на биометриската приватност.

Судијата Џејмс Донато пресуди дека обвиненијата од жителите на Илионоис – Нимеш Пател, Адам Пезен и Карл Ликејт, биле доволно основани и издржани за тужба која се однесува на париодот после 7 јуни, 2011 година.

Се верува дека Фејсбук би можел да исплати милијарди долари како обештетувања заради ваквата практика која ја имаа. Пресудата на судот е јасна, Фејсбук собрал „богата колекција податоци за корисниците, вклучително и адреси на живеење и IP адреси“. Фејсбук призна дека може да ги идентификува корисниците од Илиониис за кои изработил предлошка според која се препознаваат ликовите. Таа предлошка може да се изработи од десет или повеќе фотографии кои се наоѓаат на нечиј профил.

„Иако е голем бројот на корисници кои немале доволно означени фотографии за генерирање на таква предлошка за нив, во јануари 2011 година просечен корисник бил означен на 53 фотографии, што е далеку повеќе од потребните десет“, стои во судскиот поднесок.

Портпаролката на Фејсбук изјави дека компанијата ја разгледала судската пресуда и дека и понатаму верува оти тужбата е неоснована, и дека силно ќе се брани. Додаде дека компанијата од старт била прилично отворена околу таа технологија. Освен тоа, Фејсбук на корисниците им нудеше можност да ја исклучат таа опција и да оневозможат друг да ги означува на фотографии без нивна дозвола. А потврдија и дека собирале податоци за однесувањето на своите корисници и надвор од социјалната мрежа.

„Кога ќе посетите некоја страница или апликација која ги користи нашите услуги, ние добиваме информации за тоа дури и ако не сте логирани на Фејсбук или не го користите“, изјави директорот за управување со производи, Дејвид Басер, бранејќи се дека истото го прават и Google и Твитер.