Home Спорт Корејската сензација е во полуфинале!

Корејската сензација е во полуфинале!

Хјеон Чунг стана првиот тенисер од Јужна Кореја кој стигнал до полуфинале на еден Грен слем турнир, откако денес убедливо го победи Тенис Сандгрен од САД (6-4, 7-6/5, 6-3), со која стана дел од најдобрата четворка на Австралија Опен.

Чунг, кој има само 21 година, сосема заслужено дојде до триумфот над Сандгрен, кој исто така досега беше едно од поголемите изненадувања на турнирот. Пресуден момент на мечот беше вториот сет, кој по голема борба му припадна на Јужнокореецот после тајм брејк.

„Ова е голем момент за мене. Не можам да верувам. Ова е мојот сон, ти благодарам Австралија што ми дозволуваш да го живеам својот сон“, изјави Чунг, кој претходно го елиминираше и Новак Ѓоковиќ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…