Home Шоубизнис Концерт на „Љубојна“ оркестарот од Македонската филхармонија

Концерт на „Љубојна“ оркестарот од Македонската филхармонија

Импресивниот музички концерт кој на едно место ќе ги собере групата „Љубојна“, оркестарот на Македонската филхармонија врвниот диригент, маестро Џијан Емин е закажан за 1 февруари, 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија. Како што најави Вера Милошеска-Јосифовска, пејачка на „Љубојна“, овој концерт ќе биде интимно доживување и подарок за фановите.

„Убаво ми е што овој концерт ќе биде, на некој начин, покрај бројноста на музичарите, сепак интимно доживување на оваа музика, која што е сосема нова. Вообичаено, музиката тргнува од концерт, а потоа се шири меѓу луѓето, и тоа некако ’Љубојна’ низ годините го предлага како еден постојан циклус, како почеток на нова идеја“, рече таа, додавајќи дека ќе биде различно од досегашните концепти.

Влезници онлајн можете да си купите во „Југотон“, каде веќе се пуштени во продажба. Во моментов чинат 800 денари, а на денот на концертот ќе бидат 1.000 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Судењето за убиството на Чарли Кирк ќе почне во јуни 2028 година

Истрагата за убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк во септември 2025 година п…