Конте веќе испишува историја во Интер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Интер продолжува со одличните игри оваа сезона под водство на Антонио Конте, пишува Спортски.мк.

Интер вчера го победи Лацио со 1:0 и така стигна до петтата победа во петтиот натпревар сезонава.

На тој начин Конте веќе се запиша во историјата на Интер. Конте стана првиот тренер на „нероаѕурите“ кој запишал пет победи во првите пет кола во неговата дебитантска сезона.

Зад себе одличниот стратег ги остави Ектор Купер, Роберто Манчини и Еленио Ерера кои имаат по една победа помалку.

Освен петте победи тука е и одличната гол-разлика. Интер сега има учинок од десет дадени и еден примен гол.