Home Спорт Конте: Мечот против Јуве ќе ни покаже колку сме блиску до титулата

Конте: Мечот против Јуве ќе ни покаже колку сме блиску до титулата

Антонио Конте во недела за прв пат ќе се врати во Јувентус и тоа како тренер на најголемиот ривал.

Италијанскиот стратег нема да доживее „пеколен“ пречек од фановите бидејќи мечот ќе се игра без публика поради коронавирусот.

Интер моментно заостанува шест бода зад Јувентус со меч помалку и овој натпревар може да биде клучен во трката за титулата.

Токму тоа го напомена и Конте, кој овој натпревар го нарече „лакмус“ за неговиот тим во трката за титулата.

„Во недела не очекува важен натпревар која ќе ни покаже колку сме блиску до титулата. Интер во секое натпреварување има за цел да го освои трофејот. Победата во Торино воопшто не е лесна за никого, тоа ќе биде посебен меч за мене“, изјави Конте.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…