Home Спорт Конте кажа ДА – го презема Интер?

Конте кажа ДА – го презема Интер?

Италијанските медиуми веќе неколку дена шпекулираат дека Антонио Конте би можел да се врати во Италија и да седне на кормилото на Интер.

Весникот „Тутоспорт“ денес отиде до таму што тврди дека Конте веќе постугнал договор и им кажал ДА на „нероаѕурите“ кои му понудиле неверојатни 15 милиони евра по сезона.

Медиумите тврдат дека Конте не може да се навикне на животот во Лондон и сака да се врати во Италија и покраф фактот што постигнува одлични резултати со Челзи и е да на добар пат да ја освои титулата.

Интер на маса му ставил четири годишен договор и плата од 15 милиони евра по сезона, притоа ќе му даде голем буџет за трансфери за да го врати тимот на врвот во Италија и Европа.

Останува да се види како на ова ќе реагира Челзи, со оглед на фактот дека Конте е врзан со договор со „сините“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…