Home Спорт Конте го руши клупскиот рекорд за својот миленик

Конте го руши клупскиот рекорд за својот миленик

Актуелниот шампион Челзи очајно ја отвори сезоната со пораз во Комјунити шилд и во првото коло од Премиер лигата, па Антонио Конте сака додатно да го засили тимот до крајот на преодниот рок.

Италијанскиот стратег сака да го засили нападот, иако ова лето веќе го донесе Алваро Мората за 80 милиони евра од Реал Мадрид.

Англиските медиуми тврдат дека следна мета на „сините“ е напаѓачот на Торино и италијански репрезентативец Андреа Белоти.

Со овој трансфер Конте би можел да го сруши клупскиот рекорд со оглед на фактот што Белоти има откупна клаузула од 100 милиони евра, а Челзи е спремен да ја исплати во целост.

Покрај Белоти, Конте за комплетирање на трансфер пазарот ги сака уште Дринквотер од Лестер и Окслејд Чемберлејн од Арсенал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…