Home Актуелно Констатирано заминувањето на петмина пратеници од СДСМ од пратеничките клупи

Констатирано заминувањето на петмина пратеници од СДСМ од пратеничките клупи

Собранието на денешната седница го констатираше престанокот на мандатот на кандидатите за градоначалници од СДСМ кои беа избрани на функцијата по гласањето на првиот круг на локалните избори.

Дел од пратеничкиот состав на СДСМ повеќе нема да бидат Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Максим Димитриевски и Коста Јаневски. Собранието ги констатираше и оставките на пратеникот на ДПА, Бардиљ Даути и на пратеникот Зеќирија Ибрахими од Движењето Беса.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја повика Државната изборна комисија да го извести законодавниот дом кои пратеници ќе ги заменат оние на кои им беше констатиран престанокот на мандатот. Седницата на која ќе бидат верификувани мандатите на новите пратеници, како што најави Џафери, треба да продолжи во 13 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…