Конфедерацијата на синдикати контра одлуката за присилна вакцинација во јавен и приватен сектор: Ова е неуставно!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) јавно реагираше против најавената задолжителна вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор.

Оттаму сметаат дека е неприфатливо да се наруши слободниот избор на работници по однос на прашањето за имунизација од ковид-19.

„Мнозинството работници е веќе вакцинирано, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и синдикатот силно го почитува нивниот избор. Како КСОМ ја поздравивме кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело. Присилната-задолжителна вакцинација е неуставна и доколку истата преиде во фаза на спроведување, КСОМ најавува дека ќе организира синдикални протести и ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд со цел да ги заштити членовите на синдикатот кои по сопствено убедување решиле дека не сакаат да се вакцинираат“, се вели во соопштението на КСОМ.