Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1
Времето денеска ќе биде претежено сончево со максимална температура до 21 степени Целзиусови. Според податоците од УХРМ, до петок ќе се задржи претежно сончево време. Минималните температури денеска на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст.
Денеска најтопло ќе биде во Гевгелија со температура до 21 степен, потоа во Демир Капија со температура до 20 степени. Во Струмица и во Штип – 19 степени, во Скопје, Свети Николе 18 степени, во Тетово и Битола 17 степени, во Прилеп 16 степени, во Охрид, Крива Паланка 15 степени, и во Берово 13 степени.