Конечно снег


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првата февруарска среда во Македонија конечно донесе снег, на кој во населените места ќе му се порадуваме барем до петок.

Метеоролозите за денес прогнозираат облачно, студено и ветровито време со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см.

Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и на места ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер (над 70 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 5, а дневната од минус 1 до 8 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 5 степени. Во Маврово -1, Охрид, Битола и Кавадарци 5, Крива Паланка и Берово 1, Дојран 8 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време.

Од петок се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.