Славни

Конечно го погребаа по три месеци од неговата смрт

Семејството на починатиот поп пејач по цели три месеци од смртта, конечно денес со мала приватна церемонија го погреба Џорџ Мајкл.

Мајкл почина на 25. декември 2016. година, а беше погребан дури денес. На погребот беа присутни само семејството и најблиските пријатели кои по закопот со соопштение се заблагодарија на фановите за пораките на љубов и поддршка.

„Може да потвридека дека закопот на пејачот Џорџ Мајкл беше одржан денес. Семејството и блиските пријатели се собраа на мала приватна церемонија за да се простат од саканиот син, брат и пријател. Семејството на Џорџ Мајкл сака да им се заблагодари на фановите од целиот свет за многубројните пораки на љубов и поддршка. Ве молиме за разбирање и почитување на нашата приватност“ стои во вчерашното соопштението.

To Top