Конечно! Баерн најави револуција и големи трансфери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн оваа сезона е во резултатска криза, а после поразот во дербито заостанува цели седум бода зад лидерот Борусија Дортмунд.

Дека веќе владее „паник“ во редовите на Баерн покажува изјавата на претседателот Ули Хенес кој најави големи трансфери и менување на лицето на тимот.

Познато е дека Баерн се протиставува на „лудото“ трошење на пари за трансфери, но следното лето најверојатно и Баварците ќе потрошат значителна сум за реновирање на тимот.

„Сигурно нема да бидеме активни на пазарот во јануари. Доволно е што пред Божиќ ќе се врати Коман, а Алкантара ќе биде спремен за две, три недели“, изјави Хенес.

„На зима не очекувајте ништо, но затоа Баерн на лето ќе биде многу активен на трансфер пазарот. Следаната година очекувајте коренити промени, сигурно ќе го промениме лицето на тимот“, додаде претседателот на Баварците.