Home Актуелно Конечно Ана Бучевиќ доаѓа во Скопје!

Конечно Ана Бучевиќ доаѓа во Скопје!

Ексклузивно за првпат во Македонија ќе може да ја видеме мотивациската говорничка и автока Ана Бучевиќ, на семинарот кој го организира издавачката куќа „Антолог“. Семинарот е закажан за 12 мај со почеток во 9 часот, во хотелот „Холидеј Ин“.

Ана Бучевиќ почнала активно да работи како мотивациски говорник во 2012 година со цел да ја подигне свеста за дејството на Законот на привлекувањето врз животот на поединците, т.е. да ги потсети луѓето на нивната способност за креирање на сопствениот живот. Досега одржала преку 30 семинари во целиот регион и мотивиралa илјадници луѓе, кои најдобро сведочат за успешноста на нејзината работа.

Во 2015 година станала и коосновач за Хрватска на академијата BigU, меѓународна едукациска онлајн-платформа со најпознатите светски предавачи на подрачјето на деловниот и личниот развој. Активна е и „онлајн“, на каналот „Сафари на духот“ на „Јутујуб“, на кој речиси секојдневно објавува мотивациски видеа. Каналот во моментов брои преку 17 милиони прегледи.

Котизацијата за учество на семинарот изнесува 4.000 денари. Бројот на учесници е ограничен, сите заинтересирани треба да направат резервација на сајтот seminar.antolog.mk, а билетите за учество може да се купат и во книжарница „Антолог“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 (веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“) или по банкарски пат.

Досега во издание на „Антолог“ се објавени три книги од Ана Бучевиќ: „Сафари на духот – книга за мудроста на воспитувањето деца“, „Во вортексот на остварените желби“ и „Што (не) е љубов“, а овој семинар е ексклузивна можност за читателите во Македонија лично да присуствуваат на семинарот за кој на целиот Балкан постои огромен интерес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…