Спорт

Комплетирани четвртфиналните двојки на УС Опен!

Рафаел Надал го загуби првиот сет на УС Опен, но без проблем го победи Марин Чилиќ и се пласираше во четвртфиналето.

Надал првиот сет го доби со 6-3, а потоа хрватскиот тенисер со ист резултат го доби вториот сет.

Тоа беше доволно предупредување за шпанскиот ас повторно да го крене нивото на игра, па лесно ги освои следните два сета со 6-1, 6-2.

Во четвртфиналето Надал ќе игра против Шварцман. Другите четвртфинални дуели се Беретини – Монфис, Федерер – Димитров и Вавринка – Медведев.

Advertisements
To Top