Комисијата за заразни болести денес ќе одлучува за мерките со кои ќе се бори против ширење на делта-сојот на коронавирусот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Негативен ПЦР, сертификат за вакцинација или карантин се можните барања и рестрикции кои денеска Комисијата за заразни болести ќе ги разгледува како можни мерки за да се спречи ширењето на делта-видот на коронавирусот.

Експертите предупредуваат дека прашање на време е кога индискиот (делта) сојот на коронавирусот ќе дојде во земјава .Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека веќе се анализира и се истражува за овој вид.

Комисијата, рече тој, ќе проценува дали да се воведат тестови за влез во Македонија.

-Треба да се процени ризикот и да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која навистина може да се заштитиме – рече Филипче.

Во моментов, само за патниците од Индија важи мерката 14 дневен карантин, а за останатите влезот не е условен.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.710, бројката на оздравени пациенти е 150.073, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 151.