Коментар на Сноуден за падот на Фејсбук и Инстаграм: „На еден ден светот стана поздраво место“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Познатиот американски откривач Едвард Сноуден на Твитер ја коментираше ситуацијата со вчерашниот пад на социјалните платформи Фејсбук, Инстаграм и ВацАп.

Тој порача дека корисниците би требало да користат алтернативни апликации за допишување наместо Уатсап која е во сопственост на Фејсбук. Порача дека ова е потсетник дека луѓето треба да користат непрофитни алтернативи за допишување, како апликациите со отворен код.

„Бесплатно е и потребни се околу 30 секунди за промена“, напиша Сноуден.

Во друга објава порача дека Фејсбук и Инстаграм се мистериозно исклучени и дека светот стана поздраво место на еден светол ден.

Сноуден и претходно на Твитер пишуваше дека апликацијата Сигнал е многу посигурна за користење од Уатсап. Додаде и дека одлуката на Уатсап да му ги продаде своите корисници на Фејсбук довела до најголемата дигитална миграција на безбедна локација.

Едвард Сноуден стана славен откако разоткри тајни американски документи кои го покажаа постоењето на голем број тајни проекти за надзор низ целиот свет.