Коментар на адвокатката Јошевска за законскиот член по кој може да му се суди на малолетникот кој го прегази доктор Јота


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во коментар на нејзиниот Фејсбук профил, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска апелира дека „ако бил доволно голем да седне во огромна моќна кола и да вози без дозвола, доволно е голем и да му се суди како на полнолетен. Има законски основ, само нека читаат малку подлабоко, нека не се поставуваат бирократски. Затоа се исклучоците, за санкциите и мерките да бидат соодветни и прилагодливи на стореното кривично дело и сторителот“.

Таа вели дека овој случај е пример за тоа дека треба да се видат и проценат сите околности и сериозно да се одлучи дали ако му се суди како на дете ќе биде задоволена правдата.

Кривичниот законик се применува спрема малолетник кој во време на извршување на делото кое со закон е предвидено како кривично дело, не наполнил 14 години.

Според член 17 „за дејствие на дете над 14 години кое со закон е предвидено како кривично дело или прекршок, надлежните органи и институции по правило не поведуваат судска постапка за да се избегне штетното влијание врз детето.

Судската постапка по правило се поведува само во случаите предвидени како кривично дело со овој закон, ако детето над 14 годин и сторило дејствие кое е предвидено како кривично дело за кое се изрекува казна затвор од три години или потешка казна, или во случај кога целта на мерките или на саникциите утврдени со овој закон не може да се постигне без таква постапка“.

Хирургот Ѓорги Јота (58) е во болница со тешки повреди на главата и на градниот кош како последица од тешката сообраќајка што се случи во петокот кога докторот беше прегазен во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од 16-годишник кој без дозвола возеше БМВ и се обиде да избега.