Колумна: Депопулација и репопулација на Македонија и Балканот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Депопулацијата и репопулацијата на Балканот, вклучително и Македонија, не се новина. Се случиле еднаш порано, во доцната антика и преминот кон среден век. Од постапките кои ги преземаат сегашните модератори на оваа територија се гледа дека ги прочучувале и соодветно на тоа знаење ги надградиле и применуваат и тука и секаде каде им е потребно.

ПРВАТА ДЕПОПУЛАЦИЈА

Во 5 и 6 век кога Источното и Западното Римско Царство биле мета на континуирани напади од страна на разни народи и племиња кои се движеле од исток кон запад и југ, во богатите римски провинции. Барале и помирен живот и нешто да опљачкаат. Западното царство колабирало во 475 година, додека Истокот чиј најзасегнат дел биле балканските провинции, некако се држел. Религискиот аспект имал голем удел во секојдневието кај поданиците на царството. Христијанството било една од признатите религии и било во подем, самите цареви биле Христијани и се труделе да бидат побожни. Согласно неговите строги начела за начинот на живот, Христијанството променило многу што општеството. Кратко речено, од општество кое не се ограничувало на морал, христијаните тежеле кон моралот и дисциплината. Се јавувале разлики, но овој пат тие биле пресудни за големите промени кои доаѓале.

Сцена која го претставува животот во античките времиња

Имено, Балканот во 4 и 5 век бил зафатен со процут на пагански култови кои придонеле луѓето се повеќе да се оддаваат на лежерен живот, поттикнувале полигамија, масовни абортуси, невлегување во брак, ја поттикнувале сексуалноста и тоа речиси целосно ги обзело поданиците на овие култови. Новите рожби биле се’ поретки, бројот и дисциплината на војската се потешко се контролирал, териториите потешко се бранеле. За ова се зборува и во книгата „Историја на Византија“ од Ѓорѓи Острогорски кој цитира извори од тоа време. Настанала фаталистичка атмосфера како да е крај на светот. Впрочем и бил крај за едно време, но почеток за друго.

Покрај пустошењата на непријателските варварски војски на балканот (кои делумно биле кооптирани во царската војска со што дополнително ја варваризирале и ја намалиле нејзината ефикасност), во 2-3 генерации осетно се намалил бројот на населението. Царот Јустинијан во неговите прочуени градителски потфати изградил цел систем на тврдини и утврдувања на линијата на реката Дунав. Но… немало кој да ја пополни потребната посада.

Претстава на варварски орди кои го напаѓаат Римското Царство

РЕПОПУЛАЦИЈА НА ТЕРИТОРИИТЕ

И самиот длабоко побожен Христијанин, наредил сите верувања, освен Христијанството да се стават вон законот. Биле затворени, урнати, преуредени сите пагански храмови во цркви. Паганите биле гонети и конвертирани. Култовите кон паганските божества биле прекинати. Ова не ги дало веднаш очекуваните резултати. Балканот бил опустошен. Иван Микулчиќ во својата книга „Средновековни градови и тврдини во Македонија“ наведува дека историските слоеви од 7 и 8 век се речиси стерилни и тек-тук има остатоци дека некој живеел.

Светите Кирил и Методиј во основа биле византиски дипломати кои со цело срце се посветиле на зачувување на цивилизацијата на Балканот. Во својата мисија покрстиле над 55.000 луѓе само во Македонија

Резултатот на царот бил спор но ефикасен во наредните векови кога царството се опоравило од катастрофата. Во овие 2 „празни“ векови овие територии биле контролирани од изолирани воени посади и зафрлени села во кои староседелското население продолжило да живее. Подоцна Источното Царство презема поодлучни чекори и конечно ги враќа во свој посед овие територии. Дел од тој план се мисиите на Светите Солунски браќа Кирил и Методиј кои спровеле повторна христијанизација на населението која предвидувала покрстување на населението, сега веќе измешано со луѓе кои решиле трајно да се населат. Ова дало нов импулс и нов живот за царството кој кулминира со златното доба на Македонската династија од Василиј Први Македонецот до Теодора.

ДЕНЕШНАТА ДЕПОПУЛАЦИЈА КОРИСТИ СТАРИ ИСКУСТВА

Семејството е основна клетка на секое општество

Она што денес се случува секако е смислено во некој центар кој има свој интерес, различен од нашиот. Нова депопулација и репопулација. Уништување на семејните вредности, уништување на семејството, занемарување на заедничките вредности и традицијата. Статистиката ја знаете повеќе или помалку и таа е немилосрдна. Она кон кое движиме со се поголема брзина во еден дел ви го пренесов погоре. Само што овој пат нема Царство кое ќе се погрижи за своите поданици, туку варвари кои систематски знаат што прават.

Пишува: Љупчо Зорески/Кичево.мк