Home Шоубизнис Колумбиската убавица е најпопуларна пејачка за 2017!

Колумбиската убавица е најпопуларна пејачка за 2017!

Популарната колумбиска пејачка, сопруга на фудбалерот Џерард Пике се пофали пред своите бројни фанови дека има најмногу прегледи на YouTube платформата во изминатата година.

Четириесетгодишната пејачка оваа вест ја сподели со фановите на Instagram.

„Колку е убаво да се започне новата година знаејќи дека ми давате толкава поддршка. Ве сакам многу“, напиша Шакира под сликата.

Минатата година беше многу успешна, но и многу стресна за Шакира. Покрај здравствените проблеми кои ги имаше, кои за малку ќе ја натераа да ја откаже светската турнеја, таа мораше да се справува и со притисокот од шпанската јавност која го обвинуваше нејзиниот маж за предавство.

Имено, Џерард Пике е страсен борец за независност на Каталонија и тој неколкупати го кажа тоа во јавност токму додека траеја притисоците на каталонскиот народ врз владата. Шакира беше на мета на шпанските националисти кои сакаа да допрат до Пике преку неа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …