Home Вебкафе Колумбија им даде дозвола: Алехнадро, Мануел и Виктор ја формираат првата брачна заедница од тројца мажи

Колумбија им даде дозвола: Алехнадро, Мануел и Виктор ја формираат првата брачна заедница од тројца мажи

Алехандро Родригез, Мануел Бермудез и Виктор Иго Прада планираат со церемонија да го прослават потпишувањето на нивната граѓанска унија, прва од ваков вид во Колумбија, а веројатно и во светот. Имено, во Колумбија досега немало полигамна геј заедница.

„Сакаме да направиме тоа што е интимно да биде јавно“, вели Прада, најмлад од тројцата мажи. „Немаме причина да го криеме тоа. Само им помагаме на луѓето да сфатат дека има различни видови на љубов и различни видови на семејство“.

Кога јавен нотар во Меделин ги потпиша документите минатиот месец, формализирајќи ја заедницата меѓу Прада, Бермудез и Родригез, локалните весници објавија дека ова е првиот геј брак на три лица.

Сепак, во правна смисла, не станува збор за брак, вели Герман Ринкон-Перфети, адвокатот кој го напишал документот. „Според колумбискиот закон, брак е заедница меѓу две лица, така што моравме да смислиме нов термин: специјална патримонијална заедница“.

Документот тврди дека тројцата мажи сочинуваат семејство и се меѓусебно легални партнери.

„Не сме тројца пријатели кои живеат заедно. Ние сме семејство, тројка“, вели Прада. „Веќе бевме семејство и пред ова. Документот само тоа го формализираше“.

Бермудез и Родригез веќе биле заедно 18 години и се првиот машки геј пар во Колумбија кој добил законско признание за нивната врска во 2000 година, 16 години пред државата да го легализира геј бракот. Осум години, имале друг љубовник – Алекс Еснајдер Забала, кој починал пред три години. Прада се вклучил на полигамната врска пред четири години.

Уставниот суд на Колумбија ги одобри хомосексуалните бракови во 2016 година, а во 2015 на истородовите парови им беше дозволено и да посвојуваат деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …