Колку време им треба на белите дробови да се „соземат“ после оставањето на цигарите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како и секое откажување од навика која создава зависност, откажувањето на цигарите воопшто не е лесно, а растот на цената на цигарите игра важна улога во мотивацијата за тоа.

Штом престанете со пушењето капацитетот на белите дробови се зголемува, кожата добива нова боја, а се менува и плодноста кај жените, но и сексуалниот живот.

По 12 часа од престанувањето со пушење, телото се чисти од јаглерод-моноксид и се враќа во нормала, а се зголемува и нивото на кислород во него.

По 24 часа, се намалува ризикот од срцев удар, како и крвниот притисок.

По два дена, поранешниот пушач веќе чувствува нови мириси и вкусови, бидејќи пушењето ги оштетува нервните завршетоци задолжени за мирис и вкус.

Повлекувањето на никотинот од организмот започнува по три дена. Тогаш се можни силни главоболки и голема желба за цигари. Според многумина, тој ден е клучен во борбата за откажување од пушење.

По еден месец од прекинувањето со пушење, се подобруваат функциите и капацитетот на белите дробови, а кардиоваскуларните активности, како што е трчањето, стануваат полесни.

Девет месеци по прекинувањето, белите дробови делимично заздравуваат, а првиот знак за тоа е пореткиот бронхитис и разни заболувања.

Десет години по прекинувањето со пушењето за половина се намалува можноста за добивање на рак на белите дробови, но и ризикот од рак на устата и грлото.

Ризикот за рак на белите дробови се враќа на исто ниво како кај некој кој никогаш не пушел дури по 20 години.

Пушењето предизвикува прерано стареење и безбојна кожа, што значи дека по прекинувањето со пушење ќе изгледате помладо. Шансите за затруднување како непушач се поголемо, но и за раѓање на здраво бебе.

Со прекинувањето на пушењето се подоброува и сексуалниот живот, поради подобреното „пумпање“ на крв, доаѓа до посилни и подобри оргазми.