Колку пати на ден е нормално да се оди по „мала нужда“ – еве што велат лекарите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дали од време на време ви се случува премногу често да морките во текот на еден ден, додека понекогаш имате чувство дека можете и цел ден да не излезете по „мала нужда“? Еве што велат експертите за тоа колку пати на ден е нормално да се мокри.

Не постои точен број кој прецизно ќе одреди колку пати на ден одењето во тоалет за мокрење е нормално. Луѓето во просек одат по „мала нужда“ шест до седум пати дневно, па тоа се смета и за бројка која може да се рече дека е нормална кога станува збор за тоа колку пати дневно мокрите.

Колку често го посетувате тоалетот зависи од човек до човек, од количеството на течности кои се внесуваат во организмот, консумирањето на солена храна, потењето и капацитетот на бешиката, вели Кери Патерсон, интернистка од Њујорк.

Ако внесувате премногу сол во организмот, јадете силна и зачинета храна, ќе бидете пожедни и ќе пиете повеќе течности, па со тоа и почесто ќе одите по „мала нужда“.

Понекогаш се јавува потреба да мокрите, но не можете да ја исфрлите урината од себе. Тогаш станува збор за инфекција на бешиката или нејзино собирање. Овие проблеми можат да се решат со промена на исхраната или Кегелови вежби. Сепак, треба да посетите и специјалист.

Зачестеното одење во тоалет, болка при мокрењето и пецкање се симптоми на урнинарна инфекција, кои посебно се јавуваат кај млади жени, вели Кристина Марамуџи, директорка на Одделот за гинекологија и урологија во Хјустон. Во вакви случаи е потребно да се консултира лекар, бидејќи понекогаш за лечење на овие проблеми се потребни антибиотици.

Веднаш треба да одите на лекар и ако забележите крв во урината, зачестено станувате во текот на ноќта за „мала нужда“ (два-три пати додека спиете), почувствувате напор додека мокрите или мокрачата неконтролирано ви тече помеѓу две одења по „мала нужда“. Ако забележите промени во одењето во WC, а не сте внесувале поголеми количества течности од вообичаено, тогаш нешто не е во ред.

Избегнувајте задржување на мокрачата, бидејќи со често практикување на таа навика во текот на неколку недели или месеци можете да си предизвикате истегнување на бешкиата и оневозможување на нејзината правилна работа.

Задржувањето на урината може да го зголеми и ризикот од инфекции, бидејќи урината во себе содржи голем број бактерии, кои можат да се намножат ако се држат во бешиката. Денски не би требало да трпите да не одите по „мала нужда“ повеќе од четири часа, додека навечер приказната е друга. Додека спиеме се активираат хормони кои влијаат на работата на бубрезите.

Се препорачува секојдневно да консумирате од 1,5 до 2 литри течности дневно, а најдобро е тоа да биде вода, како и олеснување на бешиката кога ќе почувствувате потреба за тоа.