Колку дресови продаде Нејмар за еден месец во ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рекордниот трансфер на Нејмар во Пари Сент Жермен предизвика еуфорија кај фановите на парискиот клуб, па очекувано беа продадени рекорден број на дресови од Бразилецот.

Уште првиот ден после официјалното објавување на трансферот клубот продаде 10.000 дресови соп бројот „десет“, а за 30 дена продадени се повеќе од 120.000 дресови од Нејмар.

Продадените дресови вратија во касата на ПСЖ скоро 10 милиони евра, а интересно е дека продажбата на дресови на ПСЖ скокнала за 75% во однос на минатата година.

Од „Паркот на принцовите“ се загрижени дека можат да дојдат во ситуација да не можат да го задоволат големиот интерес на фановите, со оглед на фактот дека причната нарачка е при крај, а следната ќе биде во продажба дури во ноември.