Madame Figaro ги фотошопираше нејзините гради, па Емили покажа како тие навистина изгледаат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заводливата манекенка и актерка Емили Ратајковски позираше за списанието Madame Figaro, а кога виде што направиле од списанието со нејзината фотографија, поточно со нејзините гради на фотографијата, на Инстаграм веднаш им се нафрли со сиот свој „арсенал“.

Емили Ратајковски не планира да ги трпи уредниците од списанијата кога тие го коригираат и фотошопираат нејзиното тело по своја желба и вукс, па реши тоа јасно и гласно да го каже и даде до знаење. Откако таа позираше за Madame Figaro и беше ужасно разочарана кога виде што од списанието направиле со нејзината фотографија.

Насловната од списанието:

Нефотошопираната оригинална фотографија:

„Секој е на свој начин прекрасен. Сите ние имаме некои несигурности во врска со нештата според кои сме поразлични од типичниот идеал за убавината. Јас, како и сите други, секој ден се обидувам да ја совладам таа несигурност. Бев ужасно разочарана кога видов усните и градите ми се коригирани во фотошоп за оваа насловна фотографија. Се надевам дека модната индустрија најпосле ќе научи дека не треба да ги потиснува нештата кои не права уникатни и да почне да ја слави индивидуалноста“, напиша убавицата на својот Инстаграм профил.

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Сите се сложни дека од списанието можеле да ја коригираат насловната фотографија само со знаење и дозвола од Емили, кои очигледно не ги ни побарале.