Која количина на вода е идеална пред – после и за време на тренингот

Која количина на вода е идеална пред - после и за време на тренингот

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новите студии покажаа колку вода е потребна да се внесе во вашиот организам…

Овој пат внесувањето се однесува само за тренингот, односно за хидрирањето пред, по и во текот на тренингот. Луѓето често имаат заблуди кога станува збор за водата и го избегнуваат фактот дека водата е една од најважните состојки за правилно функционирање на нивниот организам. Најновите истражувања покажаа дека водата составува само 30% од течноста која се внесува во организмот на Американците во текот на денот. Ова значи дека голем број на Американци не го хидрираат своето тело на правилен начин, што може да доведе до сериозни последици.

Истражувањата покажаа дека дехидрацијата доведува до значително истрошување на организмот, така што ако не пиете доволно вода, вашата сила ќе се намали за 8%, а издржливоста за 10%.

И така, се поставува прашањето, колку вода треба да се пие пред, по и во текот на тренингот? Одговорот е следниот:

Пред тренинг, секој треба да пие околу 250 милилитри вода, а по тренинг е потребно да се пијат околу 450 милилитри вода во временски период од половина час. Што се однесува на самиот тренинг, тоа е индивидуална работа, бидејќи сите луѓе немаат ист режим на тренинг и исто времетраење на тренинг, така да стручнаци препорачуваат да се пие околу 400 милилитри вода на секој час.

На овој начин телото ќе биде добро хидрирано и ќе помогне на вашиот организам. Ако се занимавате со напорни и продолжителни тренинзи, тогаш треба да пиете вода која е збогатена со електролити, што дополнително ќе помогне во опоравување на вашиот организам по напорниот тренинг.