Home Актуелно Кој каде, Груевски на суд – денес за „Титаник“

Кој каде, Груевски на суд – денес за „Титаник“

Во Основен суд Скопје 1 за денес е закажано ново рочиште за случајот кој го поведе СЈО со име „Титаник“ во кој бившиот премиер Никола Груевски и уште 20 лица се обвинети за изборни нерегуларности.

На минатото рочиште судијата Осман Шабани ги задолжи обвинетите да направат увид во доказите кои СЈО ги има против обвинетите во овој предмет.

Иако одбраната на обвинетите на минатото рочиште бараше подолг временски период за да може да ги разгледа доказите, судијата Шабани не дозволи и нагласи дека во тие десет дена обвинетите постојано ќе можат, без ограничување да вршат увид.

Во овој предмет СЈО има вкупно 1.068 прислушувани разговори како доказ кои се испишани на 25.000 страници.

Во предметот „Титаник” Обвинети се 21 лице, меѓу кои и поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…