Кога одите на подолги патувања, секогаш во замрзнувачот ставајте метална монета – еве ја причината за тоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


кога заминуваме на подолго патување, било да е тоа годишен одмор или патување од некоја друга причина, најчесто проверуваме дали сме ги исклучиле сите електрични апарати од струја, освен фрижидерот, кој мора да работи заради храната која ја чуваме во него. Е сега, додека сме на патување никогаш не знаеме дали и колку време снемало струја во нашиот дом, за да бидеме сигурни дека намирниците кои сме ги оставиле во фрижидерот се безбедни за консумирање.

Но, на својот профил Sheila Pulanco Russell открила начин – како сепак да дознаете дали и колку долго вашиот замрзнувач останал без струја.

За тоа ви се потребни шолја, монета и вода. Ставете вода во шолјата и ставете ја во замрзнувач да замрзне. Кога во шолјата ќе остане само мраз, на врвот ставете паричка и потоа вратете ја шолјата во замрзнувач. Кога, на пример, по годишниот одмор ќе се вратите во куќата, пред конзумација на храната од замрзнувач, погледнете каде се наоѓа паричката!

Ако монетата и натаму е на врвот или евентуално на средината на коцката мраз во шолјата, или не дошло до прекин на струјата, или имало краток прекин, па мразот делумно се растопил. Доколку пак паричката се наоѓа на дното, тоа значи дека струја немало доволно долго за мразот да се растопи, а паричката да потоне до дното.

Тогаш подобро храната од замрзнувач да не ја подготвувате.