Home Вебкафе Кога Боинг 737-800 лета само за тебе

Кога Боинг 737-800 лета само за тебе

Патник од Литванија, кој летал за Италија, бил изненаден кога сфатил дека тој е единствениот патник кој ќе патува во големиот Боинг 737-800 со кој бил изведен неговиот патнички лет.

Скирмантас Стримаитис летал од главниот град на Литванија кон италијанскиот град Бергамо. Сакал да отиде на ски одмор , но бил зачуден кога видел дека е единствениот патник во Бопингот 737-800 што има капацитет од 188 патници.

Литванецот имал посебен третман за време на летот , зашто можел да биде послужуван од пет стјуардеси. Освен Стримаитис , во авионот имало и двајца пилоти.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…