Home Спорт Клоп го критикува Салах: Немој да симулираш!

Клоп го критикува Салах: Немој да симулираш!

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп јавно го искажа своето незадоволство од ѕвездата на „црвените“, Мохамед Салах за симулирањето во натпреварот против Челзи.

Тимот од „Енфилд“ загуби со 1:0 и си ја искомплицира ситуација, па сега во поседниот меч ќе мора да го победи Брајтон за да обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Салах се обиде да изнуди пенал за својот тим во прворо полувреме, но судијата го забележа тоа и му додели жолт картон.

„Ова беше симулација или тој само бараше контакт. Не сум сигурен. Но, тоа не е нешто што сакам да го гледам. Не мислам дека тој сакаше да го стори тоа. Сепак, овие работи понекогаш се случуваат“, изјави Клоп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…