Home Спорт КИРЕ ЗА ИСТОРИЈА: Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Фајнл-фор!

КИРЕ ЗА ИСТОРИЈА: Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Фајнл-фор!

Во моментов се игра првото полуфинале на фајнл-форот во Келн помеѓу Нант на нашиот Лазаров и фаворизираниот ПСЖ.

На полувремето тимот на Лазаров водеше со три гола разлика, која себично ја чува и во второто полувреме, па е на чекор до ново финале.

Со својот шести гол на натпреварот Лазаров ја промени историјата и стана најдобриот стрелец во историјата на фајнл-фор турнирите.

Македонецот ги мина Јиха и Илиќ на вечната листа и сега има вкупно 52 погодоци, а сигурно ќе има шанса да ги подобри овие бројки на утрешниот натпревар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…