Кипар, Грција и Израел го градат најдолгиот и најдлабоко лоциран подморски енергетски кабел


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кипар, Грција и Израел во понеделникот потпишаа иницијален договор за поставување на најдолгиот подморски кабел на светот, кој ќе поминува под Средоземното Море и ќе ги поврзува овие држави во една заедничка електроенергетска мрежа, пренесува Мета.

Според податоци од израелското министерство за енергетика, кабелот ќе има капацитет од 1.000 до 2.000 мегавати, должина од околу 1.208 километри, а на некои места ќе биде поставен на длабочина од 2.700 метри, објави деловниот портал „Сибиз.еу“

„Евроазискиот конектор ќе обезбеди струјна поддршка на електроенергетската мрежа на европскиот континент, во случај на криза, а ќе го засили користење на израелските капацитети за производство на струја од сончева енергија“, изјави министерот за енергетика на Израел, Јувал Штајниц.

Овој проект би требало да биде завршен до 2024 година. Во првата фаза се проценува дека ќе бидат потребни околу 2,5 милијарди евра за поставување на каблите и за изградбата на конверторски станици. Втората фаза вклучува двојно зголемување на капацитетите на конекција, на 2.000 мегавати.

Европската унија му додели на Евроазискиот интерконектор статус на „проект од заеднички интерес“ и е подготвена да учествува во неговото финансирање.

Кипарската министерка за енергетика Наташа Пилидес нагласи дека конекторот е „одлучувачки чекор кон крајот на енергетската изолација на островот, а со тоа и на зависноста од тешки енергенси“.