Киниса првиот воз кој ќе оди од Кина до Лондон – еве колку ќе трае патувањето


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кина го пушти првиот товарен воз од источната провинција Жеџијанг до Лондон.

Возот на линијата која ќе тргне од кинескиот град Јиву ќе поминува над 12.000 километри за 18 дена, за да стигне до својата дестинација. На ова патување ќе поминува низ повеќе земји и тоа Казахстан, Русија, Белорусија, Полска, Германија, Белгија и Франција, а крајна дестинација е Лондон.

Иницијативата Лондон да стане влезна порта на Запад за кинеските инвестиции беше иницирана од поранешниот британски премиер, Дејвид Камерон односно има за цел да се зајакнат трговските врски меѓу Велика Британија и Кина со стоки како облека и чанти.