Кинезите воведуваат прва вакцина против Ковид-19 која се инхалира


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кинеските власти се први во светот кои ја одобрија за употреба првата вакцина против Ковид-19 која се прима преку инхалирање. Истата денеска е одобрена за производство во северниот град Тијанџин.

Вакцината CanSino Biologics ќе се користи како итна засилена доза, а денеска била одобрена од кинескиот регулатор, објави компанијата во соопштение за медиумите. Оваа вакцина не бара инјекција и е полесна за складирање, а се дава со прскање во ноздрите.

CanSino не објави кога векторската вакцина, за која не се објавени независни студии за ефикасност, ќе биде достапна за јавноста.

Научници од повеќе земји, вклучувајќи ги Куба, Канада и САД, развиваат вакцини кои би се земале со вдишување преку нос, што е пат на влезот на коронавирусот.

Од 2020 година, Кина одобрила осум вакцини против ковид развиени од локални фармацевти и до денес користи само кинески вакцини.

И покрај тоа што има мал број заразени во споредба со остатокот од светот, Кина спроведува строга стратегија за борба против пандемијата, наречена „нулта стапка на ковид“.

Станува збор за мерки за целосно затворање штом се појават првите случаи на ковид, потоа речиси задолжително тестирање со PCR тест на секои 72, 48 или дури 24 часа, ставање на луѓето во изолација и затворање фабрики и бизниси.

На пример, во огромниот 18-милионски град Шенжен, на југот на Кина, кој се смета за храм на високата технологија, минатиот викенд бројни области беа целосно затворени.

Жителите на градот Ченгду, во провинцијата Сечуан, исто така се во целосна изолација и ќе бидат масовно тестирани од денеска до среда.