Home Вебкафе Кинезите се ѕверови: Видете го првиот воз кој се движи по виртуелни шини (видео)

Кинезите се ѕверови: Видете го првиот воз кој се движи по виртуелни шини (видео)

Автономниот брз железнички транспорт (АРТ) свечено е претставен во јужната кинеска провинција Хунан.

„Возот има сензори кои ја детектираат димензијата на патот, што му овозможува да се движи по точно определената патека без метални шини“, објасни главниот инженер на проектот Фенг Ѓијангхуа.

Возот е долг 32 метри, се движи со помош на електрична енергија, а може да пренесе до 307 патници. Користи гумена опшивка на тркалата и може да достигне максимална брзина до 70 километри на час.

Системот на АРТ е применет на овој воз, што му овозможува да се движи по пат што го одредуваат стотици сензори наместо желеничка пруга.

Компанијата на овој проект работи од 2013 година, а се надева дека возот ќе биде целосно подготвен за користење следната година.

Дизајнерите истакнуваат дека АРТ е значително поевтин од подземните железници кои чинат меѓу 60 и 100 милиони долари по километар, додека АРТ чини околу 2,2 милиони долари.

Кина со овој проект стана првата земја во светот што создаде воз на виртуелни шини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ѓаволот ја носи Прада 2: Дали мистеријата на филмот е веќе минато?

ЃАВОТ НОСИ ПРАДА 2: ДАЛИ ТАЈНАТА НА ФИЛМОТ СТАНА СОПСТВЕНОТО МИНАТО? Најавата дека се сним…