Home Спорт Кинезите нудат луда сума за Обамејанг – ги рушат сите рекорди!

Кинезите нудат луда сума за Обамејанг – ги рушат сите рекорди!

Се поголем е бројот на фудбалски ѕвезди кои се одлучуваат кариерата да ја продолжат во Кина, каде заработуваат „луди“ суми, иако и во Европа се одлично платени.

Последни во низата фудбалери кои заминаа во Кина се Оскар и Витсел, но Кинезите не планираат да запрат и сакаат да купат нови фудбалски ѕвезди.

Следната мета на богатите Кинези е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг. Наводно Шангај СИПГ понудил неверојатни 150 милиони евра за неговиот потпис, а на самиот фудбалер му нуди плата од 41 милион евра годишно.

Доколку се реализира овој трансфер тоа ќе биде апсолутен рекорд, а Обамејанг би станал најплатен фудбалер во историјата на фудбалот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…