Home Актуелно Кинескиот Боинг кој се сруши во март при што загинаа 132 лица експерти тврдат дека бил намерно срушен

Кинескиот Боинг кој се сруши во март при што загинаа 132 лица експерти тврдат дека бил намерно срушен

Авионската несреќа на летот China Eastern Airlines MU5735, која се случи во март оваа година, а во која загинаа 132 лица, според тврдењата на експерти за авионски несреќи за ABC News била предизвикана намерно.

Патничкиот авион Boeing 737-800 леташе од Кунминг за Гуангжу на 21 март, кога се урна во планинско подрачје во Кина. Загинаа сите 123 патници и 9 членови на екипажот.

Авионот удри во земја со толкава сила што направи дупка длабока 20 метри, соопштија кинеските истражувачи. Исто така го анализирале животот на едниот од пилотите и веруваат дека тој можеби се борел со одредени проблеми непосредно пред несреќата, пренесе ABC News.

Американскиот национален одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека сите информации за истрагата ќе дојдат од нивните колеги од Управата за цивилно воздухопловство на Кина, а регулаторите и Boeing не забележале ни воочиле некакви механички проблеми.

Извори велат дека и кинеските истражители, исто така, не забележале никакви механички проблеми со авионот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…