Home Шоубизнис Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години брак.

„Одлуката за развод беше взаемна“ – изјави градоначалникот на Киев за украинските медиуми.
Тој додаде дека тој и неговата сопруга со години живеат во различни земји, но и понатаму се во добри односи.

„Долги години имаме различни интереси и различни животи. Решивме да го потврдиме и официјално. Тоа беше заедничка желба. Сè уште имаме добри односи, се почитуваме, децата се пораснати, а животот продолжува“ – изјави Кличко.

Виталиј и Наталија Кличко се венчаа во април 1997 година и добија три деца, синовите Јегор-Данијела и Максим и ќерката Елизабета-Викторија.

Додека тој се занимаваше со бокс, Наталија беше со Виталиј на секој меч. Таа го поддржа и во 2014 година, кога се кандидираше за градоначалник на Киев.

Наталија се испроба како пејачка и текстописец. Таа се занимава и со хуманитарна работа, а имајќи предвид дека парот долго време живеел во Германија, од 2010 година е вклучена во работата на Советодавниот одбор на германската хуманитарна фондација Phytokids.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џоан Смолс навести крај на пријателството со Кендис Свонепул: се споменува и Том Брејди, но без потврда

По заедничкото појавување на ревијата на „Викторијас сикрет“ за 2026 година, коментарите н…